MK
 
Архитектонско рендерирање. Сликата вреди илјада зборови. Нашето архитектонско рендерирање ги заменува напорните објаснувања за архитектонските решенија - тоа е вашиот заедничкиот јазик со клиентите. Професионалната изведба на рендерирањето ќе ги зголеми импресиите на вашите клиенти и ќе ја олесни вашата комуникација со нив.
Графички дизајн. Нудиме оригинални графички решенија како за логоа, банери, флаери, постери, визит карти, брошури, амбалажа на производи, така и за разни други рекламни материјали по ваша желба или по наша препорака. Нашите графички решенија се гаранција за успешно промовирање и рекламирање и за остварување позитивни и високи резултати.
Веб дизајн. Веб сајтот е ваша лична карта. Тој говори за вас и за вашата компанија. Затоа, мора да биде уникатен. Уникатноста на нашиот веб дизајн ја постигнуваме во сите аспекти:
- изглед: оригинални визуелни решенија и ефекти;
- текст: добро осмислен, лектуриран и двојазичен текст (на македонски и англиски);
- функционалност: приспособување на сајтот како на вашите потреби, така и на потребите на посетителите.