MK

n8 create е тим од млади и креативни фриленсери чија успешност се базира на воочливо напредни креативни идеи и конструктивни решенија, како и на професионална способност за нивна реализација.

Услугите што ги нудиме се најразновидни и вклучуваат: web-дизајн, графички дизајн, 3D анимации, пост-продукција, копирајт, лектура, концептуално осмислување на маркетинг кампања, графичко средување на книги (дизајн на корица и преклопување). На секое едно решение му посветуваме соодветно внимание, пристапуваме со целосна посветеност, професионалност и оригиналност и, што е уште поважно, со вистинска страст и креативен жар. Тоа се клучевите на нашата успешност.

Од нашето професионално искуство произлегува богато портфолио со решенија и долга листа на задоволни клиенти. Нашата поставеност кон клиентите се заснова на:

  1. пријателски однос (веруваме во позитивен исход од позитивните меѓучовечки односи);
  2. отвореност за сугестии (две глави се секогаш поумни од една) и
  3. упорност во остварувањето на поставената цел (ЗА СE ПОСТОИ РЕШЕНИЕ, САМО ТРЕБА ДА СЕ НАЈДЕ).